Виктор Доневски е новиот извршен директор на Медиа Принт Македонија, компанијата која управува со трите дневни весници “Дневник“, “Утрински весник“ и “Вест“, а која медиумскиот концерн ВАЦ пред неколку дена и ја продаде на „Орка Холдинг.
Како што јавува „Макфакс“, Доневски на местото извршен директор на МПМ доаѓа од позицијата директор за корпоративни и внатрешни комуникации од ОНЕ – Телеком Словенија Групацијата, а на јавноста и е познат како водител и уредник на вестите на телевизиите Сител и Канал 5.
Досегашниот пак управител на МПМ Срѓан Керим ќе биде претседател на новоформираниот борд директори на Медиа Принт Македонија.
Васил Партинов ќе продолжи да ја извршува функцијата финансиски директор на МПМ.
Главните уредниците на дневните весници „Вест“, „Утрински весник“ и „Дневник“ и на неделникот „Теа модерна“ ќе продолжат да ја извршуваат истата функција. 
OhridNews
извор: „Макфакс“