Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик за настап во репрезентацијата на Македонија до 14 години за претстојниот пријателски натпревар против соодветната селекција на Србија.
Контролниот меч ќе се одигра на 4 јуни во Скопје, на теренот на ФК Аеродром, а повикот за Грданоски претставува признание за неговите настапи и континуираниот напредок во младинските категории на охридскиот клуб.
Од ГФК Охрид Лихнидос изразија задоволство од новиот репрезентативен повик, оценувајќи дека тоа е потврда за квалитетната работа со младите фудбалери и развојот на клупската школа.
Горди сме што Виктор ќе ги брани боите на Македонија. Му честитаме за заслужениот повик и му посакуваме многу успех, добро здравје и достојно претставување на клубот и државата, истакна директорот на младинските категории во клубот, Коста Тифуноски.
Повикот во националниот тим е уште едно признание за талентираниот охридски фудбалер и дополнителен мотив за неговиот понатамошен развој на фудбалските терени.
Г.М.














