Поранешниот чувар на мрежата на Барселона, Виктор Валдес потпиша две годишен договор со Манчестер Јунајтед пренесува „Дејли Меил“.
Валдес (32) од повредата на вкрстените лигаменти се опоравуваше во кампот на „ѓаволите“ во кој подоцна и тренираше.
Шпанскиот репрезентативец ќе биде замена за Давид де Геа, кој сезонава брилира меѓу стативите на Олд Трафорд.
Потписот на договорот со Валдес ќе значи крај за Андерс Линдегард, кој до сега беше втор избор на голот од Јунајтед.
Мх.П.