Шпанскиот чувар на мрежата Виктор Валдес кариерата ќе ја продолжи во турски Бешикташ откако доби отказ од англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.
Кратко ниту една сезона не траеше авантурата на Виктор Валдес на Олд Трафорд во дресот на „црвените ѓаволи“. Тој пред почетокот на оваа сезона влезе во отворена војна со менаџерот Луис ван Гал што го чинеше „шут карта“.
Екс фудбалерот на Барселона на Олд Трафорд ја лечеше повредата на вкрстените лигаменти на коленото за потоа да потпише договор со клубот.
Како што обелодени холандскиот стручњак, Валдес не ја прател филозофијата на клубот одбивајќи да брани за резервите кои исто се натпреваруваат во Премиер лига.
Ohridnews