Таткото на три деца, Вил Смит се залага за необични воспитни методи кои не продразбираат било какво казнување. Треј, Џејден и Вилоу имаат прилично кул татко кој никогаш не ги казнува каква глупост и да направат. Имено, познатиот актер сметал дека не е неопходно да се караат и казнуваат децата кога ќе направат нешто лошо.
Тој во интервју за британското списание „Метро“ рекол дека не ги казнува децата, туку дека се обидува да им објасни дека самите се одговорни за својот живот. Смит рекол дека тој и неговата сопруга им овозможуваат на децата што порано да стекнат контрола над своите животи. Тој истакнал дека често имал проблеми со децата, но според него концептот на казнување секогаш бил по малку негативен.