Најдобриот стрелец на ЕП Давид Виља ќе го пропушти финалниот меч против Германија в Недела.

Виља го истегна мускулот при изведување на еден слободен удар.
– Виља нема да игра во финалето – рече селекторот Луис Арагоњес.
Најдобриот стрелц на ЕП со 4 постигнати гола од кои еден хет-трик, ја прифати судбината велејќи.
– Разочаран сум што нема да бидам дел од финалето. Но подобро да игра некој фит играч отколку јас. Се надевам дека сепак ќе се радувам во Недела.










