Мајкл ван Праг од Холандија и првиот човек на Фудбалската федерација на Словенија, Алексндер Чеферин останаа во трката за претседателското место во УЕФА, откако Шпанецот, Анхел Марија Виљар се повлече.


– После долго размислување, одлучив да се ја повлечам кандидатурата. Големиот број гласови кои ги добив од моите сонародници ме натераа да се повлечам и да работам само на шпанскиот фудбал. – напишал Виљар во сооппштението.

Името на наследникот на Мишел Платини кој е суспендиран четири години од фудбалот поради земање на 2 милиони долари во 2011 година треба да биде презентирано на 14 овој месец во Атина.

OhridNews