Составот на Виљареал ги освои трите бодови на Винсенте Калдерон победувајќи го Атлетико Мадрид со минимален резултатот (1-0).
„Јорганџиите“ напаѓаа и креира шанси, но не ги реализираа. Гостинскиот тим сурово ги казни домаќините кога преку Роберто Соријано погоди за 1-0 што на крајот се покажа доволно за победа.
И покрај поразот Виљареал кој се наоѓа на петтата позиција не може да го загрози составот на Атлетико Мадрид кој со осум бодови повеќе ја зазема третата позиција.
Резултати: Спортинг Хихон – Еспањол 1-1, Гранада – Малага 0-2, Атлетико Мадрид – Виљареал 0-1.
OhridNews