Александре Пато големиот талент и потенцијал не успеа да го развие во Европа, а за тоа последна шанса добива во Виљареал.
Бразилскиот интернационалец минатата полусезона ја помина во Челси, но повредите го спречија да се докаже за останување на Стемфорд Бриџ.
Пато со „жолтата подморница“ потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште дополнителна година.
26-годишниот фудбалер од 2007 до 2012 година настапуваше за Милан, потоа се врати во родната земја бранејќи боите на Коринтијанс, а мина една сезона во Сао Паоло на позајмица.
OhridNews