Стариот дел на Охрид низ вековите постојано се менувал и развивал пред да ги добие познатите архитектонски визури во 19 век, по кои градот беше препознатлив во минатото. Со модернизацијата во голем дел се напушти градењето во стилот на македонската староградска архитектура чии најимпозантни градби некогаш биле токму во Охрид, како и во Крушево. Во стариот дел на Охрид изминатите неколку децении се изградија многу нови градби, во нови стилови нетипични за ова поднебје, неретко со употреба материјали кои ни одблиску не соодветсвуваат со автентичната староградска градба. Но, за среќа има и поинакви, позитивни примери на реконструкција и градба во старото градско јадро на Охрид кои полека го враќаат сјајот на традиционалната охридска архитектура. Еден таков е „Вила Пупин Горна Порта“ со надворешен изглед реконструиран во автентичен староградски стил, која свечено почнува со работа денеска.


Во оваа насока остваривме и консултативни средби со претставници од НУ Завод и Музеј Охрид за да го запазиме стариот охридски стил во поглед на архитектурата на куќите. Тоа е нашето и градско и национално богатство кое треба да се зачува. Охрид е специфичен град кој го посетуваат најмногу странски туристи, а секако добредојдени се и домашните и мислам дека најбитно е да им понудиме нешто поразлично, автентично во поглед на сместувањето, а се во насока на развој на туризмот. Сакавме со нашиот мал удел да придонесеме во целиот тој мозаик. Би сакал да ги поттикнам и мотивирам и локалните, националните и странски инвеститори да вложуваат во Охрид и Македонија и да придонесат сите со својот дел, вели Пупиноски.

Во „Вила Пупин Сараиште“ лоцирана на „Цар Самоил“ бр. 78 која работи веќе година дена, имам мала винарија сместена во карпестиот дел со зачување на сите внатрешни елементи со цел да биде комплетно автентично. Добивме едно убаво катче за посетителите. Во втората вила „Вила Пупин Горна Порта“, пак, имаме прекрасен надворешен простор, двор во кој се зачувани сите природни богатства, меѓу нив и 30-40 метарските борови. Се насочивме во уредувањето на овој простор се да биде од природни материјали, дрво и камен, збогатен со цветени и тревни површини. За овој дел од просторот се погрижи архитектот Слободан Живковски, посочува Пупиноски.
„Вила Пупин Горна Порта“ располага со пет големи луксузни апартмани и ресторански дел кој се наоѓа во најдолниот дел од куќата и прекрасен двор со околу 500 квадрати.

Во дворот покрај прекрасната фонтана, под боровите, има маси каде гостите може да уживаат во чистиот воздух и песната на птиците. Дополнително, понудата е збогатена со отворена кујна.
Во „Вила Пупин Сараиште“ има шест луксузни апартмани и четири студио апартмани. Заедно во двете вили може да се сместат околу 30-40 гости.
Бевме фокусирани на луѓето кои сакаат да ја почувствуваат душата на Охрид. Искуството со првата вила говори дека најбројни се странските туристи од сите Европски земји, но има и наши домашни гости, додава Пупиноски.
Од неодамна во употреба е веб страната на „Вила Пупин“ каде достапни сите потребни информации кои исто така може да се најдат и на Фејсбук и Инстаграм профилите на овие прекрасни сместувачки комплекси кои ја збогатуваат туристичката понуда на Охрид.
Н.С.Ј./Г.М.
Фото. Б. Стојаноски














































