Португалскиот стратег Жозе Мурињо и селекторот на Белгија, Марк Вилмотс водат тивка медиумска војна поради Еден Хазард кој игра во очајна форма сезонава.


Најдобриот фудбалер на Челси минатата сезона се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а според Мурињо за таков развој на настаните дејствувал Вилмотс.

Селекторот на „црвени ѓаволи“ на репрезентативниот собир веднаш изјави дека не може и не смее да му се меша на Хазард во изборот на неговиот клуб во иднина.

Хазард на Стемфорд Бриџ пристигна од тимот на Лил кој со него во составот стигна до титулата во француското национално првенство.

Ohridnews