Во отсуство на првиот голгетер Хари Кејн и Сонг Хонг Мин, Хари Винкс беше џокерот на Тотенхем во триумфот (2-1) над Фулам во лондонското дерби на „Кревен Котиџ“.

22-годишниот фудбалер во последните мигови од мечот постигна победнички погодок и не дозволи Фулам да освои драгоцен бод во борбата за опстанок и ја продолжи серијата без реми на „петлите“  во Премиер лигата.

Претходно домашните фудбалери поведоа со автоголот на Фернандо Љоренте во 15-та минута, а гостите изедначи преку Деле Али на стартот од вториот дел. Целиот плен го осигура Винкс погодувајќи за победа во судиското продолжение.

Манчестер Сити се врати на четири негатива во однос на Ливерпул совладувајќи го Хадерсфилд со 3-0. Последнопласираниот тим на табелата немаше сила за надигрување со актуелниот шампион кој рутински освои три бодови.

Резултати: Хадерсфилд – Мен Сити 0-3, Фулам – Тотенхем 1-2

Табела: Ливерпул 60, Мен Сити 56, Тотенхем 51, Челси 47, Арсенал 44, Мен Ју 44..

OhridNews