Виножито го отвори македонското прашање во Советот на Европа
20.10.08 11:03
На иницијатива на Европската Слободна Алијанса (ЕСА) – политичката партија на Македонците во Грција, Виножито, во Парламентарното Собрание на Советот на Европа поднесе предлог резолуција за „Дискриминирачките закони против етничките Македонски политички бегалци“.
Предлог резолуцијата е поддржана од претставници од 13 европски држави, кои ја повикуваат грчката влада, без одлагање да ги разгледа претходно споменатите закони и да ја сопре дискриминицијата која произлегува од нив, со што етничките Македонски политички бегалци можат да побараат грчко државјанство и имот. Предлагачите препорачуваат релевантната комисија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа „да го испита овој проблем и да се заложи заедно со грчките авторитети за запирање на гореспоменатата дискриминација“.
Предлогот, официјално бил подесен во текот на последната Сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, и е поставен на веб страницата на Советот на Европа, а се очекува ова прашање да биде разгледано од Бирото на Собранието кон крајот на ноември. Виножито верува дека Бирото сериозно ќе го разгледа предлогот и ќе делува во најдобар интерес за македонските политички бегалци од Грција и ги повика разните тела на Советот на Европа да продолжат со следење на состојбите со човековите права во Грција.
Општина Охрид влегува во нова фаза на реализација на проектот за енергетска ефикасност во основните училишта „Христо Узунов“ и „Братство Единство“ во Лескајца по усвојувањето на новата одлука на од...
На 28082026 година во 2330 часот во СВР Охрид, приведени се 37 и 35-годишни лица, двајцата од Велес по претходна пријава дека во охридското село Пештани, со други две лица физички нападнале 22-годи...
Тригодишната реализација на Тренинг академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ) беше посветена на унапредување на професионалните знаења и вештини, зголемување на безбедноста и јакнење на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.