По обилните врнежи попладнево за кратко Охрид го огреа сонце, по што на небото се појави прекрасно виножито. Силниот ветер кој од синоѓа дуваше во охридско полека се смири, но и натаму загрижува високото ниво на вода во езерото и надојдените реки.

Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека Македонија се наоѓа под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот која ќе донесе нови врнежи од дожд, на места и до 60 литри на метар квадратен.

OhridNews