Австрија Виена го совлада Рапид со 2-0 како гостин во 319-та градска пресметка која премиерно се одигра на новиот Алијанц стадион во Виена. 


Мечот кој се одигра пред распродадениот аудиториум (26 илјади гледачи), им припадна на „виолетовите“ кои подобро се снајдоа на притисокот и одговрија на предизивкот наречен градско дерби.

Холцхаусер од пенал и Грунвалд на стартот од вториот дел беа стрелци во победата на избраниците на Торстен Финк.  

За домаќините ова беше прв пораз на новиот стадион и прв меч како не успеаа да ја погодат противничката мрежа.Покрај поразот ко загубија и капитенот Шваб за кого есенскиот дел од сезоната е завршен.

По одиграни 12 кола лидер е тимот на Штурм со 29 бода, шест повеќе од Алтах и седум од бранителот на титулата Салцбург и Австрија додека Рапид заостанува големи 12 бода.

OhridNews