Во рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе има можност да проследи четири концерти на светски реномирани и најистакнати виолинисти на денешницата, лауреати на престижни меѓународни натпревари, виртуози на својот инструмент.
Борис Бровцин
Имено, во Охрид гостуваат руските виолинисти Борис Бровтсин, кој ќе настапи во пијано придружба на истакнатата пијанистка Анастасија Волтчок, Никита Борисов-Глебски, кој на концертната сцена ќе биде придружуван од српскиот пијанист Милош Поповиќ, како и извонредниот Илја Гринголтс, кој ќе настапи во придружба на пијанистот Петер Лаул. Исто така, на фестивалот рецитал ќе одржи и младиот албански виолинист Ермир Абеши, кој ќе настапи заедно со италијанската пијанистка Валентина Меса.
Илја Гринголтс
„Посебно ми е драго што при мојата посета во Москва во ноември 2011 година каде настапив на на најдолгиот Бах Маратон во историјата на музиката имав можност да ги слушнам настапите на најголемата руска виолинистичка елита, а имав ексклузивна можност за годинешното „Охридско лето“ да ги поканам најдобрите од најдобрите.“- вели музичкиот селектор Гордана Јосифова-Неделковска.
Таа има настапувано со дел од уметниците, како што е Никита Борисов-Глебски, за кој има исклучително високо мислење и верува дека и фестивалската публика ќе биде воодушевена од неговиот настап.“