
Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврдила дека концентрацијата на двата оператори може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.
Освен во мобилната телефонија, новото друштво ќе настапува и на пазарот на фискна телефонија, широкопојасен интернет, како и кабелска телевизија преку операторот Близу.
На 22 октомври 2014, Телеком Австрија Групацијата објави дека се договори со Телеком Словенија Груп за спојување на нивните подружници Вип оператор и Оне. Телеком Австрија Групацијата ќе има 55 проценти и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словенија Груп ќе поседува 45 проценти. Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.
Спојувањето би требало да се комплетира за најмногу три месеци.
OhridNews











