Во тек е реализација на проектот „Виртуелна реконструкција и изработка на макета на римската гробница од Видобишта во Охрид“ од страна на Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина Регионален зелен центар Охрид во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.
Во рамки на овој проект досега е извршено теренското документирање, а во периодот што следи ќе се работи на кабинетска обработка на материјалот, со финален продукт идејна виртуелна реконструкција на гробницата и изработка на макета од истата. Идејната виртуелна реконструкција ќе биде јавно достапна на електронските медиуми, додека пак, макетата ќе биде поставена во просториите на Музејската зграда „Куќа на Робевци“, информираат од НУ Завод и Музиеј Охрид.

OhridNews












