Екипите на Вис Пој и Бел Мерцедес ќе играат во финалето на 9. меморијален турнир во мал фудбал “Стефан Толески“ во Пештани.


Во полуфиналните пресметки Вис Пој беше подобар од Хотел Тино со високи 9-2, додека Бел Мерцедес со 6-2 го совлада Џале Турс.

Денес на програмата се натпреварите за поделба на медалите. Во 20 часот се игра малото финале, а ќе се сретнат поразените полуфиналисти Џале Турс и Хотел Тино.

Во 21 часот ќе се одигра ревијален натпревар меѓу пионерските школи на “Стефан Толески“ и “Фер Плеј“, во 21.50 минути ќе се одржи говор посветен на прерано починатиот Стефан Толески, додека стартот на големото финале е закажан за 22 часот.

М.П.