Околу 300 експерти од областа на претприемништвото и финансиите учествуваат на 4-та Меѓународна Конференција за претприемништво, иновации и регионален развој, што се одржува во Охрид. Нивното доаѓање и сместување во Охрид успешно го организира туристичка агенција „Вис -Пој“, која е специјализирана за вакви услуги.
Т.А. „Вис – Пој“ организирала голем број значајни меѓународни собири во Охрид, а такви оваа година ќе има уште неколку. Од агенцијата велат дека се подготвени за претстојната туристичка сезона, како и за бројните настани што ќе се случуваат во градот.
OhridNews