Настапот на повредените Ренато Димитриевски и Томисла Николовски за Лихнидос на гостувањето во Гевгелија кај Бест е под знак прашалник.


Без Димитриевски во составот охридските кошаркари забележаа победа над Тетекс, но неговата помош е неопходна за ова тешко гостување.

– Поголема можност има да настапи Димитриевски него Николовски. Јас заедно со физиотерапевтот Петан, пред почетокот ќе одлучиме дали ќе може Ренато да ги издржи сите тие напори. Ние ќе направиме се што е потребно да го приспособиме и да го ставиме на располагање на тренерот Весна Балазоска – истакна клупскиот доктор, Марија Тренева.

Мх.П.