Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа висок пораз во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство  што ќе се одржи ова лето во Канада, САД и Мексико.

Вечерва во Копенхаген,  Данска славеше убедлива победа од 4:0 со головите на Дамсгард  ’49, Исаксен ’58 ’59 и Наргард ’75.

Македонија која беше целосно дефанзивно ориентирана, во првото полувреме ги издржа сите налети на Данска. Но, во второто полувреме четата на Седлоски доживеа целосен потоп.

За само 10 минути Столе Димитриевски три пати ја вадеше топката од својот гол. До крајот на натпреварот Македонија беше речиси безопасна, а данците постигнаа уште еден гол со што обезбедија пласман во финалето од баражот каде ќе играат со подобриот од мечот Чешка – Ирска.

Победникот ќе игра во групата А на Светското првенство заедно со Мексико,  Јужна Африка и Јужна Кореја.

Г.М.