Водостоите на реките низ земјава и понатаму остануват високи. Во текот на денешниот ден регистрирано е зголемување на водостојот на р.Боротинска, р.Треска, р.Црна како и на водотеците од источниот дел на земјата р.Пчиња, р.Крива и р.Струмица. И понатаму останува висок водостојот на р.Радика, р.Сатеска и горниот дел од сливот на р.Вардар, информира Управата за хидрометеоролочки работ – УХМР.
Повторно се очекуваат врнежи од дожд, така што се очекува водостоите на реките и понатаму да останат високи. Можни локални излевања се можни во горниот дел од сливот на р.Вардар (во Полошкиот Регион), во сливот на р.Треска (околу месноста Пласница), како и на поедини места во сливот на р.Радика, р.Црн Дрим, р.Сатеска и р.Црна (Боротинско Поле). Исто така поради најавените обилни врнежи од дожд во источните делови од земјата се очекува понатамошно зголемување на водостојот на р.Струмица, р.Пчиња и р.Крива, предупредува УХМР и препорачува внимателно движење покрај реките и суводолиците.
OhridNews












