Минатиот викенд во Бачка Топола, Република Србија се одржа 4-от Фестивал на авторскиот филм на земјите од Подунавскиот регион “ПРОФЕСТ 2013”, на тема “Убавината на различноста”. Македонија беше преставена со филмот “ПАТИШТАТА НА ПУПИНОВИТЕ ПРЕДЦИ” во авторство на Кристина Алексиеска, во продукција на ТВ Морис од Охрид.

Во конкуренција од 153 филмски трудови од 14 земји од регионот, меѓународното жири,  за филмот за Михајло Пупин ја додели Втората награда. Првата награда му беше доделена на нишкото дописништво на РТС, додека третата на Билјана Куруш од БИХ.

Во одсуство на авторот на свеченото затворање на Фестивалот,  признанието го прими продуцентот на филмот Јован Трпески.

OhridNews