На престижниот меѓународен натпревар „Петар Коњовиќ“ кој се одржа по 24- ти пат од 5-ти до 12-ти Мај во Белград,  во конкуренција на голем број учесници од повеќе европски земји , ученичката од ОМУ “Методи Патче”,  Марија Џуклеска-виолина, ја освои високата втора награда. Петчленото светско жири составено од врвни професори, одлучи втората награда да и припадне токму на Марија.

Марија Џуклеска, која и претходно има освојувано бројни високи награди на државни и меѓународни натпревари, се школува во класата на проф.Елица Рашкова.

 

OhridNews