Напаѓачот на Барселона, Нејмар да Силва, доби драконска казна во татковината поради затајување на данок.

Нејмар, на државата, ќе мора да и уплати 45 милиони евра, бидејќи преку своите компании избегнал да плати данок на приходите од 56 милиони евра остварени во Сантос, Барселона и од спонзорот Најк, во периодот од 2012 до 2014 година.

Во оваа измама, биле вклучени и родителите на Нејмар, кои ги воделе компаниите преку кои бил затајуван данокот.

Оваа одлука на бразилскиот суд не е конечна, што значи дека Нејмар може да вложи жалба. 

OhridNews