Продолжува загрижувачкиот тренд на висока смртност на пациенти со Ковид 19 во земјата. Според податоците на Министерството за здравство, денеска се починати 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје 10, Кочани 9, Тетово 5, Берово 5, Куманово 4…

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.

OhridNews