
Измените, посочуваат од Министерството, се изготвени по одржани работни средби со Сојузот на стопански комори на Република Македонија, а по констатираното незаконско екплоатирање на овие градежни суровини што се смета за кривично дело.
Согласно измените во законот, надлежниот инспектор треба да утврди дали изведувачот обезбедил докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал, а доколку констатира дека тие не се обезбедени, за тоа ќе треба да го извести надлежниот орган кој го издал одобрението за градење и Државниот инспекторат за техничка инспекција.
За прекршување на одредбите од законот се предвидени глоби за правните лица-изведувачи во износ од 15.000 до 17.000 евра во денарска противвредност, а глоба од 9.000 до 11.000 евра е предвидена и за одговорното лице. Предвидена е и глоба од 7.000 до 9.000 евра за инженерот за изведба ако при изведување на градбите не обезбеди докази за потеклото на градежниот материјал.












