Сите правни и физички лица кои остваруваат приход од закупнина, мора да платат данок на државата, затоа што во спротивно ќе се соочат со високи парични казни, во износ од 500 до 1000 евра.

Според Законската регулатива, Данокот на закупнина се пресметува на приходите,  кои се остваруваат  од издавање на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, викендици, опрема, превозни средства и други видови имот.

-Остварените приходи од закупнина,  треба да се  пријавуват во рок од 15 дена од денот кога  започнувале да се  остваруваат, со поднесување на Аконтативна даночна пријава,  до Управата за јавни приходи. Во рамки на даночната пријава, даночните обврзници,  задолжително треба  да го приложат и Договорот за закуп, се вели во соопштението на УЈП. Во него се објаснува дека граѓаните кои ќе остварат приходи од закупнина во текот на 2010, покрај Аконтативна даночна пријава, по истекот на календарската година задолжително треба да поднесат и Годишна даночна пријава најдоцна до 15 март 2011 година.

OhridNews