Учениците Даниел Здравески од втора година и Леонид Стојаноски- трета година од ОУТУ „Ванчо Питошески“ , под менторство на професорот Блаже Јорданоски, освоија две бронзани медали на Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ , што од 9 до 13 април се одржа во Супетар, Република Хрватска.

На Меѓународниот гастрономски натпревар, најзначајната гастрономска манифестација на Медитеранот, во конкуренција на готвачи од целиот свет, охридските ученици се натпреваруваа приготвувајќи јадење од сина  риба.

OhridNews