Викендов во основното училиште „Христо узунов“ се одржа регионален натпревар по географија за основните и средни училишта.
На ниво на основните училишта, прво место освоија: Звездана Дуцкиновиќ од ОУ „Христо Узунов“ под менторство на Хилда Георгиевска, Лука Тодороски од ОУ „Ванчо Николески“ под менторство на Татјана Пуцоска Бунчевска, Климент Дукоски од ОУ „Христо узунов“ ментор Тони Симоновски, Петар Алчески од ОУ „Св.Климент Охридски“ ментор Нине Симоноска, Симона Симоновска од ОУ „Св. Климент Охридски“ ментор Нине Симоновска, Марија Цветаноска од ОУ „Христо Узунов“ ментор Хилда Георгиевска, Михаил Рувинов од ОУ „Св. Климент Охридски“ ментор Нине Симоновска.
Втора награда освоија учениците: Јана Василева од ОУ „Св. Климент Охридски“ ментор Нине Симоновска, Мелани Котоска од ОУ „Ванчо Николески“ ментор Татјана Пуцоска Бунчевска, Ангела Ѓуклеска од ОУ „Ванчо Николески“ и Климент Стојаноски од ОУ „Христо Узунов“ ментор Тони Симоновски.
Од средните училишта прва награда освоија учениците: Ана Мари Крстеска и Васе Силјаноска од ОСУ „Св.Климент Охридски“ под менторство на Менка Ѓореска, Ана Трајкоска од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ под менторство на Менка Ѓореска, Димитар Дуноски од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ментор Зоран Станкоски.
Втора награда доби ученичката Кристина Божиноска од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ментор Менка Ѓореска.
OhridNews