Учениците од ОУТУ „ Ванчо Питошески“ се вратија со низа награди од вториот државен натпревар за избор на најдобар ученик – „Лидер на струка – 2015“ што се одржаво Крушево, во организација на Центарот за средно стручно образование и Министерството за образование и наука. На изборот за најдобар ученик од струката, учениците се натпреваруваа во теоретски знаења и практични вештини од областа на угостителството и туризмот.

Ученикот, Наум Нестороски го освои второто место во рамките на образовниот профил – келнер. Трето место, освои ученичката Наталиа Наумоска, којашто се натпреваруваше во рамките на образовниот профил хотелско-туристички техничар. На натпреварот во рамките на образовниот профил – готвач, ученикот Христијан Илиоски го освои четвртото место.

Учениците се натпреваруваа под менторство на професорите Блаже Јорданоски и Војо Ангелоски.

OhridNews