Најголем  број сообраќајни незгоди со тешки
последици во Македонија се бележат во месеците јули и август, во периодот од 11 до 17
часот кога температурите на воздухот се највисоки, покажало
истражувањето „Влијанието на високите температури во летниот период врз
безбедноста на сообраќајот на патиштата“ што вчера го презентираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата -РСБСП.

Кaко најкритични места се посочуваат долгите чекања на семафорите, наплатните рампи и граничните премини.

Со цел смалување на бројот на ваквите несреќи, РСБСП во соработка сo Црвен крст, ќе отпочне со реализација на проект за информирање и доедукација на
населението околу последиците на високите температури по здравјето.
Исто така возачите можат да добијат  бесплатни совети за заштита од топлотен удар, на отворената телефонска линија 02 32 21 902.

OhridNews