Синоќа во Улцињ, Црна Гора, се одржа фестивалот за најдобро музичко видео на Балканот од албанско говорно подрачје “Netet e Klipit Shqiptar 2019”, на кој охридскиот режисер Даниел Јовески беше номиниран со два видео спота,  а освои награда од највисок ранг за клипот на Леонора Ајдари – “Male o ju male”.

-Конкуренцијата на овој фестивал секоја година станува се’ посилна и квалитетот на другите продукции се качува на неколку нивоа нагоре. – вели Даниел, кој веќе 7 години успешно работи на албанскиот музички пазар.

Во продолжение погледнете ги двата видео спота на Даниел со кои учествуваше на фестивалот во Црна Гора:

OhridNews