Со првите натпревари од осминафиналето започнуваат вистинските возбудувања во Лигата на Шампиони. Завесата во нокаут мечевите ќе ја кренат Базел – Манчестер Сити односно Тотенхем – Јувентус во стандардниот термин 20 часот и 45 минути.

Лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити е голем фаворит за пласман во ТОП 8 на стариот континент, но ќе треба тоа го потврди во двомечот со швајцарскиот состав кој често знаел да изненади фаворити кои доаѓаат од колевката на фудбалот.

Повеќе внимание привлекува сударот помеѓу Јувентус и Тотенхем. Лондонските „петли“ со победите над Манчестер Јунајтед и Арсенал во Премиер лигата покажаа дека можат да се носат со поквалитетните екипи, а токму италијанскиот првак ќе биде вистински испит.

– Јувентус е една од ретките екипи во светот што има комплетен состав од голманската до голгетерската позиција на теренот. Нам ќе ни биде голем предизвик да се надигруваме и да ги одмериме силите со клуб каков што е Јувентус. – рече менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино.

Утрешниот ден ќе донесе нови две пресметки, а ќе се сретнат Порто – Ливерпул односно Реал Мадрид – Пари Сент Жермен.

Двојки:

(20:45ч): Базел – Мен Сити

(20:45ч): Јувентус – Тотенхем

OhridNews