Сите знаеме колку витамините играат улога во нашето здравје, и на што се влијаат, како во нашиот организам така и на нашиот надворешен изглед и убавината

Витамините кои имаат најголемо влијание на нашиот надворешен изглед, како што е кожата и слично, и кои ќе ви помогнат да изгледате свежо и убаво се: Биотин, витамин А и витаминот Ц.

Биотинот е најважниот од групата на Б витамини. Ако кожата ви се лупи и ако е сува, зголемете го внесот на биотин. Го има во јајцата и бананите. Биотинот е исто така добар за здравјето и сјајот на косата.

Витаминот А е одличен доколку се борите против акните, а спречува и појава на брчки. Го има во млекото, путерот и јајцата.

Витаминот Ц е сојузник во борбата против ракот. Витаминот Ц може да се нанесе директно на кожата и така да се зголеми неговата ефикасност. Освен тоа секогаш можете да направите хранливи маски од грејпфрут или манго, а за ручек брокули или пиперки кои се богати со витамин Ц.

 

извор: hrkljus.info