Репрезентативецот на Белгија, Аксел Витсел ги одбра парите и интересот пред остварување на соништата, откако ја прифати понудата за преселба во Кина.
Фудбалерот на Зенит никогаш не криеше дека посакува трансфер во Јувентус, што би значело исполнување на сонот од мали нозе.
„Старата дама“ и рускиот клуб имаа преговори за Витсел, но прсти вмешаа кинеските клубови кои понудија повеќе оштета и поголема плата за фудбалерот, кој не се двоумеше премногу.
– Ова беше најтешката одлука за мене. Во едната рака имав понуда од Јувентус, а во другата богата понуда од Кина која целосно финансиски ќе ја обезбеди мојата фамилија. Ќе продолжам да навивам за Јувентус и се надевам дека ќе успеат да ја освојат Лигата на Шампиони. – изјави Витсел.
Зенит во загуба, Витсел дочека трансфер во Јувентус
OhridNews