Минатогодишниот вицешампион Кеи Нишикори и Ана Ивановиќ се првите тенисери од фаворитите во машка и женска конкуренција кои го осетија горкиот вкус на поразот на американскиот гренд слем турнир УС Опен.


Четвртиот носител во пет сетови претрпе пораз од Беноит Паире ( 6:4, 3:6, 4:6, 7:6, 6:4) додека српската убавица беше немоќна против Доминика Чибулкова губејќи со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3).

Нишикори во четвртиот сет при водство 2-1 во тајбрејк пропушти две меч топки и сетот го загуби со 8-6.

Во петтиот сет Јапонецот одново се бореше, но осетна беше надмоќноста на Паире по враќање од „мртвите“ еден сет претходно.

Ohridnews