Ги читам новиве мегаломански планој од робовладетеливе и пред очиве ми излегвит една огромна светлечка реклама и на нејзе пишит на Македонски, Албански, Англиски и секако на Грчки: “То шо ќе се десит во Љубанишча си останвит во Љубанишча”. Ова вест за инвестицијава од Рој Џи им имат дојдено ко пауза за да запеет песна; интермецо измеѓу целава ова драма со земјава недокрстена и комшишчава (да дајт Господ да им умрит козата). Не се заебавам! Таков е адетот ко ќе си во Индиски филм. Добро то шо е чоекот од Индија, иако изненадувачки, не е ни толку битно. Битно е шо во блиската иднина не само шо ќе требит да пазиме дан не соберит некој аздисан на скутер по гла, туку ќе требит и од шеици во авиони да се пазиме. Така то го имат замислено Ставревски.
Морам да се исповедам: пред да го напишам писмово го препорачав Ставревски во НАСА. Така професионално знајт да ти спушчит звезди шо вервам дека мојт да им се најт за некој проект. Сезона цела година! Вработувања! Спа! Голф!? Кој не сакат да гледат Трпејца против Љубанишча голф тој е глуп и ограничен чоек; макар и да не знајт шо е то голф. Муабетов ми е дека толку бомбастично ја објавија веста за наводнава инвестиција шо стварно на прес конференцијата во позадина требеше да имат огномет. Дури и градоначалников (да е жив и здрав) крена џева ама овие “играчиве” ни во резерва не го клавет, камо ли да го игрет.
И така место ние самите да ги цениме и да имаме респект кон драгоцените работи шо се од Господа даени тие ни врвет низ прсти ко песок. Дај да бидиме реални за момент, зад целиов овај проект се кријат амбиција да се изградит големо касино. Голф, Спа, тралала… Кој трнал на одмор за да играт голф и да му прает фејшл жити мајка?! Наместо од владата да инвестирет во скијачки центар кој со погледот лесно би можел да му парират на Lake Tahoe, и кој би бил полн погодок и сосем сигурна инвестиција за зимски туризам и многу вработувања, тие својот влог го клавет на детериоризација на културата во Охрид која и во овој момент е на незавидно ниво. Ние Охриѓани требит да се потсетиме на нашиот културен идентитет и наследството шо ни го имет остаено нашите предци. Ние имаме и повод и одговорност да бидиме Охриѓани прво па после Македонци, и да ја заштитиме нашата автентична култура, јазик и начин на живеење. Дали требит иднината на нашиве деца ,шо веќе висет по кладилници, да ја дотолчиме со касино за да наполниме чужџи џеб или да ја полниме државната каса? Ова прашање го оставам за Охридските заспани интелектуалци, кои се толку опседнати со својте партиски задолженија и пресметки, што не се способни да ја констатирет сериозноста на последиците од еден ваков незрел проект.
Од друга страна, да не испаднит дека јас само го критикувам нивниов план, би сакал да ја имплантирам идејата за скијачки центар во глајте на сите Охриѓани. То е развој во правилна насока и безбеден влог шо ќе се вратит. То е потег шо ќе гарантират зимски туризам, ќе гарантират нови работни места, ќе допринесит за развој на спортот и за разлика од касино е здрава и полезна инвестиција. То е инвестицијата за која ние Охриѓани требит сериозно да размислуваме.
Автор: Сердарот
Прво Охриѓанец
*OhridNews ги објавува текстовите во
рубриката Писма-Колумни во оригинал како што се испратени, без
граматички или било какви други корекции и редакцијата не сноси
одговорност за содржината на истите.