Wizz Air, најголемиот нискобуџетен авиопревозник во Централна и Источна Европа, денес објави дека како дел од Indigo Partners договорот, потпиша меморандум на разбирање со Airbus S.A.S. („Airbus“) поврзан со остварување на дел од неговите постоечки опции за набавка на 20 Airbus A321XLR Авиони.

Постоечката нарачка ќе биде  доставена во текот на три години почнувајќи од 2023. A321XLR варијантата ќе содржи 239 седишта, исто како и A321neo, со цел да обезбеди целосна флота заедно со веќе постоечкатафлота на Wizz Air.XLRавионот исто така може да се искористи во постоечката мрежа на WizzAirсо иста ефикасност. Комплетирањето на нарачката останува предмет за одобрување од акционерите на WizzAir, како што е соодветно.

„A321XLR е најтрошочно-ефективниот авион од неговиот вид и претставува можност за WizzAirда ја прошири својата мрежа и да поврзе точки на мапата на WIZZкои се моментално надвор од досег, со оглед на зголемената способност за опсег на авионот. Денес, ние летаме голем број 5-6 часовни рути на задоволство на нашите клиенти, па XLRќе ја зголеми нашата исклучителна вредност и предлог на услуги за 7-8 часовни рути.“, изјави Џозеф Варади, генерален директор на WizzAir. „Авионската економика која е својствена за AirbusA321XLR ќе ја прошири нашата конкурентска предност за стимулирање побарувачка за воздушно патување во Централна и Источна Европа и пошироко, истовремено минимизирајќи го нашиот еколошки отпечаток.Семејството на A320neo авиони се авиoни кои претставуваат пресвртница во зголемувањето на нискобуџетниот модел на WizzAir, како и неговото неприкосновено водство во цени во Европа.“

Денешната објава ќе ја донесе бројката на неверојатни нарачки на WizzAir со Airbusдо 276 авиони за достава до 2026.