„Виз ер“ објави постепено затворање на својата база во Виена што, како што соопшти компанијата, ќе се одвива во две фази. Два авиона и две рути – до Билбао и Лондон Гетвик – ќе бидат повлечени на 26 октомври 2025 година. Три преостанати авиони и останатите рути, меѓу кои е и линијата од Виена до и од Охрид ќе престанат да работат на 15 март 2026 година.
„Виз ер“ ја лансираше својата база во Виена во 2018 година, а нејзината моментална флота од пет авиони „Ербас А321нео“, кои оперираат на 28 рути до 20 земји, ја одразува силната позиција што ја постигна во Австрија. Сепак, од основањето на базата на „Виз ер“ во Виена, трошоците и даноците на аеродромите значително се зголемија. Со стратешкиот фокус на „Виз ер“ на градење на своите основни пазари во Централна и Источна Европа и испорака на ниски цени овозможени со дисциплина на трошоците, работењето од Виена стана некомпатибилно со бизнис моделот со ултра ниски трошоци на авиокомпанијата, објави „Виз ер“ на својата официјална веб страна.
Компанијата ја апдејтира и својата апликација преку која може да се резервира лет на релација Виена – Охрид – Виена до 14 април 2026 година
Патниците со резервации на засегнати летови надвор од датумите на суспендирање на рутата ќе бидат контактирани директно од Wizz Air и ќе им бидат понудени следните опции (патниците кои резервирале кај трета страна, треба директно да го контактираат тој давател на услуги):
- Целосно враќање на средствата во WIZZ кредити или
- Повторно резервирање на алтернативен Wizz Air.
„Виз ер“
Како алтернатива за патниците од Австрија и Централна и Источна Европа, „Виз ер“ го нуди аеродромот во Братислава, Словачка, кој е во непосредна близина на Виена, но тој директно е поврзан со Скопје.
Г. Момироски