Нискобуџетната компанија Wizz Air потврди дека ги прекинува операциите на релација Охрид – Милано/ Малпенса, јавува специјализираниот портал „Exyuaviation“.
Двата неделни лета беа лансирани во март 2019 година, но беа прекинати во 2020 година поради пандемијата на коронавирус.

Во овој момент, операциите кон Меминген и Малме ќе продолжат кон крајот на февруари, додека летовите до Виена, Дортмунд, Фридрихсен и Лондон Лутон треба да бидат обновени во март.
Визер денеска ги прекина и летовите од Скопје кон Барселона и Ларнака.
OhridNews











