Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, со летниот ред на летање којшто почнува од денеска, од скопскиот аеродром  воведува летови кон Берлин, Братислава и Копенхаген. Летовите ќе се одвиваат два пати неделно. Кон Берлин ќе се сообраќа во вторник и во сабота, а цената на билетот ќе изнесува од 1.199 денари. Кон Братислава во понеделник и во петок, а кон Копенхаген во среда и во недела. До овие две дестинации билетот ќе чини од 899 денари, односно 1.499 денари.

На денешната промоција на авиолиниите од „Визер“ за од 20 јуни годинава најавија и нова линија од Скопје до Хамбург, што ќе биде замена за досегашната линија до аеродромот Лубек.

OhridNews