Топлотниот бран што ја зафати Македонија денеска ќе премине во портокалова фаза, опасна по здравјето на луѓето. Насекаде во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време, а во јужните делови на земјата температурата ќе достигне и до +42 степени Целзиусови. Индексот на УВ зрачење исто така ќе биде висок и ќе изнесува 9.
Охрид со очекувани +34 степени, ќе биде еден од посвежите градови во земјата.
Според прогнозите на УХМР, утре ќе биде најтоплииот ден во годината до сега, а максималната дневна температура во земјава ќе достигне +43 степени.