Над 3000 посетители и 32 локални производители на вкусови од Слоу Фуд Македонија беа дел од четвртото издание на фестивалот „Вкусете го Охрид – локално“ кое се одржа на плоштадот пред Долна Порта во организација на Слоу Фуд Охрид.
“Вкусете го Охрид” не е само фестивал, тоа е тивка револуција со дрвени лажици, љубов сервирана на чинија, спомен што се враќа секогаш кога ќе вкусиш нешто што мириса на дома… И затоа е толку омилен. Настанот беше атрактивен за сите генерациии, осетивме вистинска еуфорија, видовме љубезни раце што подаваат, чаши што се судруваат, и како да велат- наздравје! Туристите фотографираат, затоа што секоја тезга е како софра кај баба, се насладуваат и прашуваат. “Може ли ѓомлезе со слатко? – и откако ќе вкусат, климнуваат со глава како да го нашле сопствениот гастрономски Универзум…, велат организаторите.


Посетителите можа да вкусат од крцкавото лепче без квасец, овој пат во мега издание од 4,7кг, сирење- козјо, кравјо, овчо, питулици, гевречиња со најубо макало, лешниково масло, ликери од вишна, лаванда…, ѓомлезе и разни месеници.
Вкусната галаксија не застануваше: магарешко млеко, оцет од глог, китки дарови од природата, тартуфи со портокал и маслинки, пиво за сефосување, лезетско вино од лезет луѓе, ракија љубовна и од смоква, намази од фстак и орев, ифрит ајвар, домашни природни сокови, мед, маџун.., традиција со модерна нота… Долга, убава охридска гурманска ноќ

Инаку, фестивалот „Вкусете го Охрид – локално“ е подржан од Општина Охрид, Министерство за земјоделство и животната средина и Слоу Фуд Македонија.
OhridNews




















