Министрите во владата на отворената седница што се одржа денеска, едногласно ги прифатија измените во законот за високо образование кои предвидуваат воведување државен испит на факултетите.

Како што беше истакнато, државниот испит како задолжителна обврска ќе се воведе за студентите кои ќе се запишат во 2015 година, а пред тоа ќе има пробно тестирање. За положен државниот испит ќе се смета доколку студентот точно одговори на најмалку 70 отсто од прашањата.

– Државниот испит не е гаранција дека ние сме обезбедиле студените да станат експерти туку дека имаат знаење за преодна оценка. За жал, ние сме во таа фаза кога се бориме за минимум, рече на отворената седница премиерот Никола Груевски. 

Во составувањето на испитните прашања ќе учествуваат професорите, што беше предлог на универзитетите. Тие ќе бидат селектирани од страна на одборот за спроведување на државниот испит.

OhridNews

ФТУ Охрид: Било какво тестирање не треба да го спречува дипломирањето на студентите!