Како заокружување на процесот за избор или именување на раководните позиции во јавните институции , на селектираните кандидати пријавени на првиот јавен повик на владата , им било побарано да достават програма за работа и проекти кои би се реализирале во текот на наредните четири години.

Како што OhridNews дознава, на селектираните кандидати за раководители во јавните здравствени институции во Охрид, до минатиот петок им бил даден рок да претстават од 5 до десет проекти кои во периодот 2013/2017 година би се реализирале со цел развој на јавната институција .

Од владата не прецизираат кога ќе бидат објавени имињата на избраните раководители,освен дека  целосно е завршено разгледувањето  на писмените поднесоци и првата фаза од интервјуата со сите кандидати, по што следуваше и втората фаза од интервјуата со селектираните кандидати.

Со владиниот оглас за ангажирање на лица на раководни позиции што заврши на 31- ви мај, беа опфатени и менаџерските позиции во здравствените установи во Охрид- ЈЗУ Здравствен дом, Општа болница, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо и Центарот за јавно здравје-Охрид, како и ЈЗУ Здравствен дом Струга и струшката Општа болница. Огласот се однесуваше и на раководните позиции во КПУ Затвор Охрид, Казнено поправниот дом од отворен вид Струга, како и за НУ Музеј „ д- р Никола Незлобински“ Струга.

Т.К.