На последната седница владата ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои од март годинава треба да започне тригодишното зголемување. Со нивното изгласување во Собранието, реално ќе започне зголемувањето на минималната плата од сегашните 8.050 денари на 10.080 денари.
Согласно измените на Законот, во март годинава минималната плата ќе изнесува од сегашните 8.050 денари на 8.800 денари, во март 2015 година – 9.590 денари, а во март 2016 година ќе достигне 10.080 денари. За текстилната и кожарската индустрија ќе има период на пригагодување до 2018 година.
OhridNews