Владата го пречека канцеларот Себастијан Курц со погрешно знаме, наместо со австриското, кое требаше да биде поставено пред платото на Владата. Националниот симбол на Австрија има правоаголна форма и е поделено на три еднакви правоаголници. Знамето поставено пред Владата беше со помала ширина во делот на белата лента. Погрешно скроеното знаме го забележаа новинарите од Австрија, кои ја следеа посетата на канцеларот Курц.
Според присутните, знамето кое било поставено, според изгледот, наликувало на националниот симбол на Латвија. Но, знамето на оваа земја има темноцрвена боја. За грешката со знамето, беше известен и протоколот на Владата, но оттаму немаше официјална реакција.