Владата на Република Македонија, синоќа го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2013 година и истиот го достави на усвојување до Собранието.
Владината прес служба соопшти дека Владата го донесе дополнетиот предлог Буџет, откако претходно на седницата согласно закон и процедура ги добила од Собранието на Република Македонија извештаите на собраниските комисии во однос на предлогот на Буџетот за 2013 година.
Ваквиот равој на настаните предизвика револт кај здружената опозција. Таа синоќа одржа итен состанок, по што лидерите на партиите од опозицијата и нејзини симпатизери излегоа на протести пред Собранието.
Опозицискиот блок најавува дека нема да дозволи на недемократски начин да се донесе, според нив, неприфатливиот буџет. Од друга страна „Фронтот за народот„ за денеска најави протести против спротивставувањето на опозицијата околу донесувањето на буџетот.
Политичките тензии ги мобилизираа полициските сили кои будно ја следат состојбата во Скопје која е на раб на ескалација.